Разно

Затворени кабини за помалку жртви во Ф1

Меѓународната автомобилска федерација во 2017 година планира да ја зголеми безбедноста на болидите, но возачите имаа поделени мислења за оваа идеја.

Враќањето на Конор МекГрегор

Откако Нејт Диаз буквално го прекрши пред 2 недели, Ирецот чесно го призна поразот и со видео во кој има монолог од Роки Балбоа, најави враќање во рингот.

„ОООО Тешкото“ се најдобри фудбалери меѓу музичарите

По 10 дена фудбал на кои продефилираа 160 музичари и одиграа 32 натпревари, заврши првиот турнир во мал фудбал меѓу музичари од Македонија.

Шпаркасе банка не го издржа ритамот на Алкалоид

Во првиот ден од 14. коло во Бизнис лигата, Систина со тесна победа славеше против Пекабеско, а Алкалоид и Адмирал славеа со идентични 6:2.

Никој не го омаловажуваше Новак како Роже Федерер

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер отворено зборуваше за кариерата на Новак и неговото рано детство во интервју за Њузвик.

Нападот во Анкара кобен по таткото на Умут Булут

Турскиот клуб Галатасарај потврди дека таткото на нивниот играч и репрезентативец на Турција, Умут Булут загинал во синоќешните терористички напади во Анкара кога загинаа повеќе од 35 лица.

Колку заработуваат борците во ММА?

И покрај поразот од Нејт Дијаз во УФЦ 196 мечот, Ирецот Конор МекГрегор стана првиот борец во УФЦ што доби загарантирана заработка од 1 милион долари. Но не е сè така розово во мешаните боречки вештини.

Фото на денот

Јон Гвидети, шампионот на Европа У-21 со Шведска, од 10 до 13 години живеел со семејството и тренирал во Кенија, од каде што се врати во татковината. Играше за Бромапокрајна, Манчестер Сити, Барнли и Феенорд, а сега е во Селта Виго.

Поранешна француска министерка за спорт го обвини Надал за допинг

Рафаел Надал во 2013-та година имаше специфична повреда поради која не играше седум месеци, но ние знаеме дека тој беше позитивен на допинг тест и тоа се криеше од јавноста, изјави Роселин Башело министерката за здравје и спорт на Франција.

ТРАНСМЕТ и ЈСП ги поделија бодовите

Третиот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија донесе три неизвесна меча во кои победи славеа Алкалоид и Адмирал.

Пет олимпијци, пет животи, иста цел

Атлетичарите тренираат над 40 часа неделно за Олимписки игри, а во ова видео напорно за следната Олимпијада ова лето се потат: Џон Џонс - државен првак во фрлање ѓуле, Џесика Медина - шампион во борење во САД, Дезири Миле - капитен на параолимписката репрезентација на САД, Лаурија Рајан - скокови во вода и прогласена за број 1 во 2014-та во САД и Нејтан Скот - трки со пречки. Не им воопшто лесно.

Шарапова добила пет предупредувања за мелдониумот

Руската тенисерка призна дека 10 години ја користела супстанцата и дека не знаела дека од 1 јануари 2016-та е забранета, но поранешниот претседател на Светската анти-допинг агенција ја нападна дека не е во право.

Во неизвесен натпревар ХАЛКБАНК го совлада ФАКОМ

Во вториот ден од Бизнис лигата на Македонија неизвесне натпревар одиграа и екипи на ОНЕ.ВИП и ГРАНИТ, а ЕВН ја понални мрежата на Систина.

Жени дајте му вие цвеќе на човеков

Те вика другар ти на куглање, ти пробуваш да куглаш и со еден потег собираш милион прегледи на јутјуб. Да, нема појак.

ЕЛЕМ со победа над Лукоил до врвот на табелата

Во првиот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија Македонски Телеком славеше убедлива победа против Еуролинк, а другите две средби завршија со идентичен резултат од 2:1.

Капсулите на Шарапова чинеле 210 денари

Препаратот кој го користела Марија Шарапова поради што паднала на допинг, лесно може да се купи во секоја обична руска аптека и една кутија со 40 капсули чини 270 рубљи или 3,42 евра.

Ова е нашиот јунак на денот

Ибрахим Ел Хусаини Хамато е државен првак во пинг понг за хендикепирани во Египет, како и освојувач на сребрени медали на Африканските првенства, а највисокиот пласман во светот го оствари пред 10 години кога беше 32-ри.

Ми недостига коментирањето и дражта на италијанското

Без разлика на возраст, нација, религија и навивачка припадност, сите вљубеници во италијанскиот фудбал долги години се возевме во возилото кое во сабота и недела го предводеше човекот кој сосема случајно доспеал во коментаторската позиција.

Дечки не можете со девојчево

Лиза е Французинка со потекло од Алжир, има 16 години и е светска шампионка во фристајл. Никој не може да и ја земе од машкиве.

Шарапова губи 150 милиони евра само од Најк

Според првичните информации позитивниот допинг тест за руската тенисерка ќе значи суспензија од четири години, но бидејќи ја признала грешката таа може да биде намалена на две.

Чувај се - ној на патот

На една од најдолгите велосипедски патеки во светот, Кејп Аргус во Јужна Африка која што се наоѓа во близина на океанот, велосипедисти се спремаат за главната трка кога наеднаш им излегува ној и трча по нив колку што го држи снага. Во еден момент тркачите возат и 70 км/на час.

А да го воведат ова на Олимпијада

Дисциплината би се викала „штафета во издржливост на зглобови“. Па мајмуни да скокаат вака нема да останат живи и здрави.

Затворот на Ули Хенес во кој лежел и Хитлер

Во март 2014. година легендарниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес беше осуден на затворска казна од 3,5 години поради затајување данок и финансиски малверзации. Во овој затвор во 1924. година поради несупешен пуч и државен удар Адолф Хитлер поминал девет месеци.