Судијата на финалето на ЕП 2016

Марк Клатенбург - Поп ѕвездата со свирче

Најхаризматичниот светски судија во моментов има и свои маани, како на пример отворените манири да разговара со тренерите за тоа кој играч е добар а кој не му треба. Стресот од разгалените милионери на теренот го канализира со пакет лименки пиво.

Европското 2016 не донесе ниеден хет-трик. Вечерашното финале е последна шанса за Кристијано Роналдо, Антоан Гризман или Оливие Жиру. Во исто време, без оглед на конечниот исход вечерва на „Стад де Франс“ еден човек не може да мине незабележано а тоа е судијата.
 
Марк Клатенбург, најпопуларниот судија за 2016-та, на финалето на ФА Купот и Лигата на шампионите ќе го додаде и финалето на Европското првенство. Судиски хет-трик.
 
Мечот на кој ќе играат еден од двајцата најдобри играчи во последните децении чијашто вредност се проценува на 120 милиони евра, чудото од дете од Баерн Минхен и Димитри Паје, му беше доверен на најдобриот светски судија во моментов. Господин Клатенбург е судија кој сака да биде пред камера, неговиот изглед не се разликува многу од имиџот на ѕвездите. Дали некогаш сте го виделе Англичанецот без гел на косата? Можеби многу одамна, но тоа не се важи.
 
Роден во Канутри Дарем во Северна Англија, Клатенбург е олицетворение на нов судиски поредок кој конечно ги исполнува сите услови за врвен арбитар - да биде невидлив толку многу што после последната судиска свирка, никој нема да памти кој судел. Марк сака да џвака мастика како играчите, да разговара со нив за оваа или онаа серија или да муабети со нив за последниот концерт во Лондон. Англиските медиуми го опишуваат како „друштвен“ судија.
 
Најдобро од сите го опиша Луис Суарез во својата автобиографија каде со неочекувана топлина се сеќава на британскиот арбитар:

„Се сеќавам на еден меч кој го свиреше Марк Клатенбург. Во второ полувреме беше многу тивок и не зборуваше буквално со никој, па ни со помошниците. Ми даде жолт картон и веднаш почнав да се расправам со него а тој молчеше. Пет минути подоца, пројде покрај мене и ми рече: „Чист жолт картон и немој да кажеш дека не е. - Да, знам, згрешив, му одговорив. Кога асистирав за гол подоцна, се сврте и ми рече: „Ее ова е веќе друга работа, Луис“.

Таквите слободни манири го чинеле Клатенбург и неколку непријатни ситуации. Така еднаш на пример додека слушал неверојатни пцовки од Крејг Белами затоа што го исклучил, Клатенбург истрчал до клупата на Манчестер Сити и прашал: „Како имате нерви 7 дена во неделата да работите со Белами?"

Марк Хјуз, кој тогаш го тренираше Сити бил бесен и јавно изјавил: „Многу се изнервирав кога судијата на почетокот на вториот дел му кажуваше на мојот стручен штаб кој наш играч бил добар, а кој не бил за нас. Како се осудува?".

Официјален протест за Марк еднаш приложи и Саутемптон - наводно многу го навредувал Адам Лалана, а подобро да не го прашувате Клатенбург за Џон Оби Микел. Челси му припиша на судијата расистички коментари против Нигериецот, но по истрагата на инцидентот, ФА застана на страна на судијата.

„Знаете, кога не сте виновен а притоа ве обвинуваат делува страшно. Се надевам дека ниту еден судија во иднина нема да пројде низ тоа", откри Клатенбург тогаш за случајот со Микел.

Кога го прашале како се носи со стресот и честото присуство меѓу себичните и суетни милионери, Клатенбург кратко одговорил: „Со 24 лименки пива".

Кариерата на Марк Клатенбург е полна со контроверзи. Тој започнал многу рано - на 18 години судел во аматерските лиги. Од тогаш досега, неговата страница на Википедија е богата за многу значајни настани (дуели од Премиер лигата, прием во ФИФА, работа на финалето на Олимпијада), но и за различни скандали:

По едно бледо судење на легендарното Мерсисајд дерби, во следните шест години не го праќале на Гудисон Парк. Лесно ќе погодите и која друга екипа не го сакала на својот стадион, откако не го призна голот на Педро Мендес против Манчестер Јунајтед кога Рој Керол ја извади топката внатре од голот:

Јавноста ја знае и другата страна на Клатенбург, на пример дека од дете навива за Њукасл и поради тоа никогаш не ги суди нивните натпревари. Хистеријата што Манчестер Јунајтед ја креваше поради се распали уште повеќе, откако Клатенбург стана единствениот судија кој се осмелил да свири дури три пенали против домаќинот на „Олд Траофрд".

Интензивните грешки во еден период Клатенбург ги правдал со лошата физичка подготвеност: „Кога почнав да судам во Премиер лигата, како по правило многу енергија трошев во првото полувреме а во второто ме стигнуваше замор. Најголем дел од грешките се случуваа во последните 10 минути. Тогаш не бев баш погоден да судам на тоа ниво".

Бев голем и тежок 96 кг а сега сум отприлика 74-75 кг. Се посветив на подготвеноста, затоа што модерниот фудбал се менува. Пред 10 години играта не беше така брза како што е сега. Сепак судиите не мора да оддржуваат чекор и да се мерат со играчите, затоа што не е лесно да се опорават веднаш после натпреварите со редовни летови назад за дома", тврди Марк Клатенбург.

На Марк тешко му оди да не биде во центарот на вниманието, па дури и кога ќе излезе од тревникот. Доволно е да има мали непријатности во бизнисот со електротехника и сите веднаш пишуваат за него.

Неговиот бизнис партнер бил осомничен за долгови морал да се појави на суд поради кршење на договорот, а и Марк бил вмешан во тоа. Поради настанот, во 2008. година Клатенбург добил доживотна забрана откако апелацијата условно го казнила 8 месеци.

Решението за укинување на судската одлука го дознал веднаш после мечот „Вест Бром" - „Кристал Палас". По мечот влегол во кола, стиснал на гас и брзал да стигне на концертот на Ед Ширан во Њукасл. Тоа бил единствен начин да купи карти за него и за жена му, но од ФА му направиле проблем затоа што ги прекршил строгите правила на натпреварувањето, еден судија да патува од еден во друг град веднаш после мечот. Не дека некој имал нешто против Ед Ширан.

Покрај тоа, Марк не смеел да разговара ниту за деталите од мечот со тренерот на Палас, Нил Ворнок. Дозволено е судиите да зборуваат со тренерите дури половина час после натпреварот, и тоа во присуство на еден од помошниците судии. Клатенбург тогаш решил со Ворнок да зборува по телефон.

Најневеројатен факт за него е што го возел своето Проше со регистрација C19TTS (Clatts). Ако сте заинтересирани за факти од неговиот личен живот, лесно може да го најдете форумот каде пишува дали Марк правел трансплантација на косата. Таму лесно би можеле да се занесете и да заборавите дека читате за фудбалски судија, а не за поп ѕвезда.

И покрај акционата биографија, Клатенбург е високо ценет во професионалното опкружување. Брзината на мислите, читањето на играта и концентрацијата го направија светски судија број еден. Тој е прав наследник на Хауард Веб, особено ако се знае дека Пјерлуиџи Колина е неговиот најголем фан.

На Европсково, Клатенбург имаше неколку „врели компири" во раце, како на пример мечот меѓу Чешка и Хрватска кога Хрватите фрлаа бакљи на терен и мечот траеше до 97. минута. Кога почнаа нередеите, Клатенбург го прекина мечот, ги однесе играчите на безбедносна оддалеченост а потоа свирна и пенал пред крајот.

И не така лошо за човек кој лани призна дека падот на концентрацијата му се случува во последните минути. Букмејкерите покрај стандардните понуди за финалето на Европското, во Британија нудат и коефиценти за тоа со кој прв ќе се замери Марк Клатенбург вечерва?