Денот кога Ферари ја заборави мајка си

На војниот полигон во Силверстоун во 1951-ва година се возела историската трка во Формула 1 која што ја гледале преку 100.000 гледачи а првпат победил пилот на Ферари.

„Кога во 1951. година Гонзалес во Ферарито за првпат во нашата историја ја остави зад себе 159-та и целиот тим на Алфа, јас плачев од среќа, но меѓу солзите од ентузијазам имаше и солзи од тага, затоа што помислив: Ја убив својата мајка“.
Енцо Ферари, седнат во своето Ферари80 така ја раскажувал радоста од првата победа на Ферари во Формула 1 која што започнала една година претходно на Силверстоун.
 
Трката се возела во сабота, на 14. јули 1951 година кога Аргентинецот Фројлан Гонзалес, победил за првпат на трката за Големата награда на Англија, возена на стариот воен аеродром во Силверстоун. Датумов е историски, затоа што дента Ферари ја победил Алфа Ромео која што го трасирала патот на Ферари до настаните во светот на Формула 1.
„Преку 100.000 луѓе ја следеа трката во Англија, а првпат сензационално победи Аргентинецот Гонзалес од Ферари по долга и тешка борба со неговиот сонародник Мануел Фанџо кој возеше болид на Алфа Ромео“, пишувале тогаш весниците.
Фанџо како лидер меѓу пилотите во Ф1 и самиот бил изненаден што победил Гонзалес кој не бил меѓу фаворитите.
„Трката беше неверојатна, континуирана борба од почеток до крај меѓу Ферари и Алфа Ромео, а оваа битка имаше призвук и на личен карактер: Меѓу Гонзалес и Фанџо, дуел кој на крајот со 50 секунди предност неочекувано го доби помладиот пилот, член на Ферари“, стои во текстот објавен од Газете дело Спорт ден по трката.
Аскари и Фарина, двајцата први пилоти на Ферари и Алфа Ромео биле изненадени од ривалитетот на Аргентинците кои од старт до крај биле во првата колона. Трката изнесувала 90 круга или 432 километри кои победникот ги возел за 2 часа и 42 минути. Неверојатен подвиг ако се знае колку тешки биле болидите од тоа време за возење.