Македонскиот борач Владимир Егоров експресно го заврши настапот на Олимписките Игри во Париз, по поразот од Индиецот Амар Шерават.
Во првото коло во категоријата до 57 килограми, Егоров загуби убедливо со 10:0.
Тоа е истата дисциплина во која пред две години стана европски првак на турнирот во Будимпешта.
Денеска со почеток од 12 часот ќе настапи петтиот македонски претставник, а тоа е надежната таекдондистка Милјана Рељиќ која ќе дебитира на ОИ против Британката Џејд Џонс.
Последниот наш претставник е Дарио Ивановски кој на 10 август ќе трча маратон.