После страшно напорна битка во базенот, Хрватска едвај го совлада големиот ривал Унгарија. Ловрен Фатовиќ постигна пет погодоци, Лука Букиќ два, Марко Жувела и Марко Јовковиќ по еден гол.
Јунак на хрватската селекција беше голманот Марко Бијач кој запиша дури 11 одбрани од кои три петерци. Кај Унгарците Мартом Вамош и Силард Јаншик со по два гола беа најефикасни.
Сега следи голем класик во финалето меѓу најтрофејните ватерполо селекции Србија и Хрватска. Србите го бранат златото освоено на претходните Олимписки Игри а Хрватска доаѓа осоколена по триумфот на Светското првенство и среброто освоено во Загреб на Европско првенство.
Големото финале е закажано за во недела од 14:00 часот. Во дуел за трето место и бронзен медал ќе играат САД и Унгарија во недела од 10:35.