Украинска тенисерка се чуствувала дискриминирано зошто руските тенисери не биле исфрлени

И покрај тоа што атлетите од другите спортови веќе ретко се огласуваат на темата, во тенисот, кој е познат како „бел спорт“ односно синоним на чистина, хистеричниот однос на одредени тенисери и тенисерки и натаму трае.

Дваесет годишната украинска тенисерка од Киев, Марта Костјук која е 38-ма на светската ранг листа, изјавила дека е грешно што првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах допуштил руските и белоруските спортисти да можат да се вратат во меѓународните спортски арени.

„Имаме систем на рангирање во нашиот спорт и ако одбијам да играм против Белорусинки и Русинки, ќе го изгубам мојот ранкинг и мојата кариера ќе биде готова. Ние се бориме од минатата година да ги исфрлиме Русите и Белорусите од нашиот спорт. За жал не сме независни играчи. Ние работиме под закрила на ВТА и АТП организациите и немаме моќ да направиме промени“.

Марта Костјук го зачуди светот на спортот откако по триумф  во финалето над Русинката Варвара Гачева во Мајами на почетокот на месецов, одби да се ракува со неа и само си отшета.

Во меѓувреме, шампионката од Австралија Опен, Белорусинката Арина Сабаленка изјави дека никогаш и никаде не доживеала толку напади, гнев и омраза како што доживеала од тренерите на украинските тенисери и тенисерки на турнирите.

„Искрено навистина не знам со што јас или кој било друг спортист од Русија или Белорусија сме придонеле за ваква омраза кон нас“, рекла меѓу другото втората најдобра тенисерка на светот во моментов.

Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) во вторникот издаде дозвола за враќање во спортот на руските и белоруските атлети под услов да продолжат да се натпреваруваат како независни, без знаме, грб, обележја и химни на нивните земји.

30 март 2023 - 13:58