Страшен контра удар на Ѓоковиќ, АТП победа број 1.100 и прослава со роденденска торта

По елиминацијата во Рим, Новак Ѓоковиќ реши да учествува на турнирот на земја во Женева, како загревање пред Роланд Гарос. Го совлада Германецот Јаник Ханфман со 6:3, 6:3 и обезбеди четвртфинале, а по триумфот организаторите му го одбележа 37-от роденден со торта. Го имаме и поенот на мечот кој се случи во последниот гем од средбата. Ова му е победа број 1.100 на АТП турнирите. Пред него се само Роже Федерер со 1.251 и Џими Конорс со 1.274.

23 мај 2024 - 09:31