Спортистите кои постапија слично како Оскар Писториус

Најпознатиот атлетичар од Јужноафриканската Република кој вчера доби 5-годишната казна за убиството на неговата девојка Рива Стенкамп не е единствениот случај со кобен епилог во кој настрадале девојките или жените на спортистите.

ОСКАР ПИСТОРИУС

На 14-ти февруари 2013-та година, атлетичарот со протези на нозете, Оскар Писториус со неколку истрели ја уби манекенката и негова девојка Рива Стенкамп. И покрај тоа што се каеше и се бранеше дека пукал од небрежност, судијката Масипа го осуди Писториус на 5-годишна казна затвор;

КАРЛОС МОНЅОН

Како јужноафриканскиот атлетичар, така и аргентинскиот боксер ја убил сопругата ноќта на свети Валентин. Трагедијата во семејството Монѕон се случи во 1988-та година, а десет година порано боксерот стана светски првак во неговата категорија;

ЈОВАН БЕЛЧЕР

На 1-ви декември 2012-та година, поранешниот квотер-бек на Канзас Сити Чифс, најпрвин ја убил девојка му, 22-годишната Касандра Перкинс, пред да удри со автомобилот во оградата на клупскиот тренинг центар. Потоа се самоубил со пиштол.

О.Џ. СИМПСОН

Во САД познатиот ранинг-бек на Бафало Билс и Сан Франциско, беше единствениот обвинет за смртта на неговата сопруга и една келнерка, кои биле најдени мртви.

БРУНО

Во црната серија убиства, јавноста можеби најмногу ја потресе со случајот во Бразил, каде стандардниот голман на Коринтијанс а подоцна и на Фламенго нарачал убиство на неговата бремена девојка. Голманот не ја прифаќал бременоста, инсистирал таа да абортира, а откако Елиза Самудио одбила да го стори тоа, Бруно решил да ја убие. За целиот настан да биде поморбиден, голманот признал дека по убиството, убиецот ја фрлил девојката на чопор рот-фајлери.

На 17-ти март минатата година, Бруно беше осуден на 22-годишна казна затвор, без право на помилување.

ЕНДРЈУ ХАЛ

Талентот на Стоук со 60 убоди од нож ја убил девојка му која имала 15 години. Судската постапка докажала дека 18 годишниот Хал љубоморен за врене на една забава.

КРИС БЕНОА

И покрај тоа што борењето и кечерството важат за груби спортови, никој не очекувал двократниот светски првак, Крис Беноа да ги убие жена му и син му. 40 години по убиствата, Беноа се самоуби во 2007 година.

22 октомври 2014 - 16:42