Словенец направил тура околу крилата на авион

31-годишниот познат словенечки алпинист кој се качува по карпи, Домен Шкофик се решил на луд подвиг: да направи една тура од едното до другото крило на авион кој летал со 100км на час на повеќе од 2.500 метри висина.

„Неверојатно чувство, многу потешко отколку што можев да замислам. Мислев дека сум спремен но не бев. Дури почнав да сомневам дали можам да го направам. На крајот имав среќа што рутата беше доволно тешка - да беше малку потешка можеби ќе беше невозможно. Немам зборови да го опишам ова искуство. Никогаш претходно не е направено вакво нешто“, возбудено рекол Домен Шкофик.

Нему му требало околу една минута да ја помине „рутата“ околу крилјата на авионот. Горе температурата била многу ниска до кај -10 степени. Тој зборувал со пилотот преку слушалки, а еден од најголемите предизвици му бил да ги заштити прстите од студено додека е во комуникација со пилотот. Секој следен чекор морал да му биде добро измерен зошто и најмала грешка ќе го пуштела надолу со падобран.

Домен цел свој живот се занимава со екстремни искачувања. На свои 15 години тој искачил таканаречена 9-ка и станал најмладиот со овој подвиг. Во 2016-та тој станал светски шампион во качување.

„Најголема мотивација за „Искачување на авион“ беше скокот со падобран. Сакав да го пробам тоа уште кога ги гледав моите први видеа, но беше прескапо и одземаше многу време така што се држев до искачување карпи. Но мојот сон секогаш беше тука. Искачувањето е и со паѓање, со воздух под вас и многу пати стоев на ивица од карпата и сакав да скокнам. Скокање со падобран ми делуваше како совршена комбинација. Кога конечно ми се укажа прилика, бев воодушевен. Ми се оствари сонот“.

Тој е дел од спортскиот тим на армијата на Словенија и тренирал скокање со падобран - главна работа за овој проект кој бара и техничко знаење и ментална чистина на голема висина.

3 октомври 2025 - 10:25