Финалето во Париз се играше два дена откако во неделата поради дожд мечот неколку пати беше прекинуван, а во продолжението Надал успеа да го освои четвртиот сет и на крајот се радуваше на историската победа.
"Ова беше тежок меч, играв против најдобриот тенисер на светот, но на крајот успеав да победам. Загубив три финални меча на Гренд Слем турнирите во Вимблдон, Њујорк и Мелбурн, но во четвртиот обид стигнав до толку посакуваната победа. Навистина сум многу среќен бидејќи Ролан Гарос за мене е најзначајниот турнир на светот", рече Надал по победата во финалето.
Со оваа победа, Шанецот ја продолжи импресивната серија во Париз. Надал на Ролан Гарос во 53 настапи има само еден пораз и тоа во 2009-тата кога беше елиминиран од Швеѓанецот, Робин Содерлинг, а оваа година на патот до трофејот загуби само еден сет и токму во финалето против Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер со евентуална победа на Ролан Гарос можеше да го повтори подвигот на Род Лејвер од 1969 година и во низа да се радува на трофеи на сите четири големи турнири, но сепак на крајот славеше Надал.