Се разбравте ли на крај?

Камерите на Австралија опен ја фатија Паула Бадоса во комична ситуација, како да сака да објасни нешто со мафтање на рацете и рекетот, на што дечко и Циципас и враќа дека треба да се смири. Гестикулациите всушност значеле дека и е тешко да се бори со ветерот, кој и бил пречка во третото коло, кое сепак го мина.

Потоа објасни дека му гестикулирала на тренерот, а не на нејзиниот партнер.

17 јануари 2025 - 13:52