Веќе е познато дека епидемијата на коронавирусот влијае на светот на спортот. Во Кина се одложија сите домашни првенства во сите спортови, но одложени се и турнирите на меѓународно ниво: Светското првенство во атлетика, ГП на Формула 1, рунда од тенискиот Куп на Федерации, Светскиот Куп во уметничко лизгање итн.
Вонредната состојба го зафати и хокејот - сите кинески клубови од КХЛ, ВХЛ И МХЛ своите натпревари ги префрлија во Русија каде добија одобрение за настап.
Но ретко кој веруваше дека коронавирусот може да влијае и во НХЛ, најдобрата светска хокеј лига.
Boston Globe пишуваше за проблемите со доставата на палки (стапови) за хокеј. За хокеарите ова е сериозно прашање затоа што во просек дури тројца од четворица НХЛ играчи користат стапови произведени во Кина. Но сега во оваа земја фабриките кои ги прават стаповите се во застој поради распространетиот коронавирус.
Дефицитот од стапови за хокеј во лигата го потврдил и новинарот Пјер Мекгауер за време на еден пренос на NBC кога рекол дека некој инсајдер му кажал дека некои клубови веќе воспоставило правило, секој играч да користи по еден стап на натпревар, а не по 3-4 како досега.
Иако производителите на стапови за хокеј велат дека проблем се уште нема, сепак признаваат дека ситуацијата не е баш идеална:
„Имаме резервни стапови во САД и Канада и тесно соработуваме со менаџерите на тимовите, за да сфатиме колку им требаат“, рекол за Boston Globe генералниот директор на компанијата Bauer, Ед Кинали.
Во случај производството на стапови за хокеј во Кина да не застане на нозе во догледно време, тогаш на компаниите Bauer, CCM и True Hockey ќе им биде тешко да опслужат 75% од играчите во лигата.
Во тој случај тие би можеле да се свртат кон фирмата Warrior која нема производство во земјата каде има епидемија на коронавирусот. Оваа фирма прави стапови за хокеј во Мексико и веќе имала двојно поголема побарувачка. Од таму изјавиле дека се спремни за новата ситуација.
Обично секој играч има по 3-4 стапа од натпревар и уште неколку на клупата затоа што на еден натпревар може да скршат по еден пар стапови, а редовно и ги фрлаа во публика за навивачите.
Но напаѓачот на Бостон, Џејк Дебраск веќе се откажал да ги подарува на навивачите: „Сега стаповиве злато вредат“, рекол Дебраск.
Од друга страна играчите сега и повнимателно ќе се однесуваат кон стаповите, нема да ги фрлаат ноншалантно каде стигнат: