
Српскиот тенисер стигна до рекордно 64. Грен слем четвртфинале во кариерата, достигнување што немал ниту еден играч во историјата.
Тој пред новинарите зброувал и за тоа што Њујорк го прави посебен во однос на другите најголеми тениски турнири?
„Секој Гренд слем има нешто свое“, вели Ѓоковиќ и продолжува: „Каспер Руд зборуваше за марихуаната и тоа е навистина многу истакнато овде во однос на другите Гренд слемови. Се чувствува, не е дека не се чувствува, се чуствува тука (на УС Опен) повеќе од каде и да било! Некому повеќе, некому помалку му смета, не сум ни јас фан на тој мирис, поточно смрад! Но овде е дозволено и некако мораш да прифатиш како што е. Се чуствува насекаде, од тренинг до натпревар... Тоа е што е“, вели Ѓоковиќ на прашање за тоталниот мирис на марихуана на УС Опен и додава: „Њујорк е еден од најголемите, најважните и најлуди градови на светот. Енергијата која овде ја имаат е нешто посебно и поинаку.
Во Лондон повеќето од нас отседнуваат покрај Вимблдон, што е малку понадвор од градот каде атмосферата е доста помирна. Њујорк во таа споредба е највозбудлива, поготово кога играш навечер, многу е гласно, дури и за време на поените и стално нешто се случува.
Австралија е 'Хепи Слем', тоа е повеќе тој азиски дел, има и мешавина на различни култури и традиции. Ролан Гарос и Вимблдон се повеќе со стил. Тој начин како луѓето се облекуваат, како доаѓаат... Тоа се некако го има тој аспект кој ги разликува во однос на Австралија и Њујорк, така што секој турнир има нешто свое“, вели Ѓоковиќ.
Многу присутни новинари во Њујорк и многу странски играчи зборуваат дека најголема мака на турнирот имаат со крајно климатизираните простории каде температурите се буквално зимски.
Од некоја причина велат, во секоја просторија во Њујорк мора да биде студено без разлика како е надвор. Климата ја тераат на 15 степени и таа мрзне се пред себе.
„Би се сложил за климата! Тоа навистина... Не знам. Секаде е така во САД. Ја ставаат климата на 15 максимално да дува, а ние не сме навикнати на тоа, тие се навикнати.
Би го пофалил времето годинава - знае да биде обично исклучително спарно и топло во овој период во Њујорк, а и на терените, поготово на Централниот терен