Најсилниот борач на свет - Кубанец на 41 година освои петто олимписко злато

Кубанецот Михаин Лопез за првпат се појавил на Олимписки Игри во Атина 2004-та година кога дошол како 21-годишно момче. Во тешкото четвртфинале тогаш изгубил од идниот шампион Хасан Бароев. После тоа кубанскиот борач доминира на најголема сцена цели 20 години.

Михаин Лопез стана првиот спортист кој освоил дури 5 олимписки злата во една иста дисциплина и стана најстариот освојувач на злато на 41 година на Олимписки Игри.

Во Пекинг 2008 Михаин Лопез освои златен медал откако му се реваншираше на Бароев за претходниот пораз во Атина и го совлада 6-1.

Во Лондон 2012-та Михаин се закити со ново злато откако на противниците не им дозволил ниту еден поен од почеток до крај.

Во Рио 2016 Лопез против целиот свет 16:0.

Во Токио 2020 Лопез уште поубедлив против сите, 24:0!

Во Париз 2024: 6:0 во големото финале.

Михаин Лопез собра дури пет олимпијски злата! Симболично како петте круга на Олимпијадата.

Интересно Кубанецот по Олимписките Игри во Токио 2021 не се борел ниту на еден меѓународен турнир. Виза за настап за Куба добил друг борец, Оскар Пино. Лопез на 41 година (за две недели ќе полни 42) се борел токму со Пино и го победил.

Дури и на големите легенди во борењето како Александар Карелин и Александар Медвед имаа по три олимписки злата, а Кубанецот Лопез има 5.

За него стручњаците во овој спорт велат дека има неверојатна природна градба и надареност за овој спорт и дека такви борачи се раѓаат еднаш на сто години. Интересен факт: во 2008-ма и 2012-та настапил во категорија до 120 килограми, потоа во Рио во категорија до 130 килограми.

Последен пат на Светско првенство се борел во 2015-та. Сакал и во 2018-та но во процесот на слабеење за да ја исполни потребната тежина решил да крене раце.

Во Париз за голем конкурент му важеше Амина Мирзазаде актуелен светски првак од Иран но Лопез го совлада 3-1 уште во четвртфинале за да во финалето со 6:0 да го победи Чилеанецот Акоста.

По крајот на мечот Кубанецот дошол на центарот на теренот, ги соблекол патиките и клекнал на колена. Трибините го препознале овој знак на простување од борењето и Лопез добил силни овации кои траеле цели десетина минути.

7 август 2024 - 08:51