Мајк Тајсон кажа кој му е најомилен нокаут во кариерата

Еден од најголемите боксери во историјата, Мајк Тајсон раскажа кој му бил најдраг нокаут во богатата и долга кариера. Железниот Мајк оствари неверојатни 44 победи со нокаут па просто човек не може да одлучи кој му е најатрактивен од толку многу.

За време на едно интервју за ЕСПН, Тајсон рекол: „Пинклон Томас. Затоа што го удрив едно 15-16 пати исправено за да го легнам. Беше под огромен притисок“.

Се работи за борба од далечната 1987-ма година во која Тајсон ја бранел шампионската титула во супертешка категорија. И вистина е, на човек тешко ќе му падне од што гледа толку силни удари во серија, а камоли на самиот Томас во рингот:

 

10 мај 2023 - 13:10