За да ја одредат најолимписката држава, Daily Beast си направи свој коефициент кој е одреден според бројот на медали освоени во последните 30 години, но и неколку други фактори за државата како број на жители, Бруто домашен производ и животен век на населението.
САД е лидер на вечната листа со вкупно 2296 златни, сребрени и бронзени медали освоени во историјата на летните Олимписки игри, но тие се дури на 12-та позиција на оваа листа. Велика Британија е дури 23-та.
Со околу 11 милиони жители, 3.352 долари БДП по жител и животен век од 76 години, Кубанците со 45 златни, 43 сребрени и 48 бронзени медали во последните 30 години се најуспешна Олимписка држава според ова рангирање.
На второто место е Унгарија, трети се Русите, а следат Бугарија и Белорусија.
Најуспешни Олимписки земји:
1. Куба - коефициент 9,47
2. Унгарија - 8,91
3. Русија - 8,83
4. Бугарија - 8,67
5. Белорисија - 8,64
6. Романија - 8,59
7. Австралија - 8,55
8. Германија - 8,23
9. Јужна Кореја - 8,17
10. Украина - 8,15
11. Јамајка - 8,08
12. САД - 8,0
13. Казахстан - 7,82
14. Кенија - 7,62
15. Зимбабве - 7,56
16. Грузија - 7,47
17. Франција - 7,43
18. Полска - 7,35
19. Италија - 7,23
20. Кина - 7,22
21. Холандија - 7,19
22. Чешка - 7,01
23. Велика Британија - 6,9
24. Грција - 6,8
25. Шпанија - 6,78