На 5 јануари 2006, на денот на нејзиниот роденден, само што тргна од стартот, Јаница остана без левиот стап и една ракавица во снегот. Во текот на брзиот јуриш, јуначки со рака удираше по колците, истрпи и на крајот заврши трета на подиумот. Преку 20.000 луѓе воодушевно ѝ скандираа:
***
Неверојатната Јаница кариерата ја заврши прерано, на 24 години поради неподносливи болки од повредите. За 8 години професионална кариера таа стана најуспешна скијачка на Олимписките Игри со 4 злата и 2 сребра. На Светските првенства освои 5 злата. Има триумфи во сите дисциплини.