Кинеското чудо од дете стигна до трето злато!

Родена на 28-ми март 2007-ма година, со само 17 години Кинеската Цуан Хунчан е права олимписка сензација. Таа се натпреварува во скокови во вода. Во Токио во 2021 пред три години освои злато со скок од 10 метри, а во Париз триумфираше во истата дисциплина. Цуан буквално ја растурила цела конкуренција а во првата од петте серии имала спектакуларен скок и добила совршена оцена 10. Таа направила три ипол салта а публиката била во шок што гледа. Речиси да немало капка надвор од базенот при скокот во водата.

Повеќе за неа и нејзиниот профил:

 

17-годишната Кинеска има и пет златни медали од Светски првенства (2 во Будимпешта 2022, 1 во Фукуока 2023 и две во Доха 2024) и има две сребра (во Будимпешта 2022 и во Фукуока 2023).

На ЛОИ во Париз е и нејзиниот брат кој ја гледа во живо и кој рекол дека кога ќе се вратат дома ќе и го спреми омиленото јадење, печена кокошка. 

Кина е втора по бројот на медали во вкупен поредок. Кинеѕите имаат 60 медали од кои 22 злата, 22 сребра и 16 бронзени медали. Прва е САД со 86 медали: 24 злата, 31 сребро и 31 бронза за сега. 

7 август 2024 - 14:56