Извонредниот Ѓоковиќ по седми пат на тронот на Вимблдон

Српскиот тениски ас стигна до седмата титула на Вимблдон, четврта по ред и со 21 Гренд слем е втор најтрофеен тенисер во светот. Надал води со 22, а Федерер има 20.

Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога во финалето против Ник Кирјиос и го доби со 3:1 (4-6, 6-3, 6-4, 7-6) со што ја потврди доминацијата на најелитниот турнир во светот.

Кирјос одлично го одигра првиот сет, направи брејк во петтиот гејм и стигна до водство од 6:4.

Но контроверзниот Австралиец потоа беше многу нервозен, постојано коментираше, зборуваше и бараше некаква правда кај судиите за извиците од публиката.

Тоа воопшто не влијаеше кај Новак, кој беше целосно фокусиран на својата игра со која заслужено го сврте мечот во своја полза.

Во третиот сет се играше гем за гем. Ѓоковиќ направи брејк за 5:4, а потоа рутински го доби својот сервис за 6:4.

Тесно и неизвесно беше и во четвртиот сет кој Србинот го доби во тај брејк со 7:3.

Кирјос го играше своето прво Гренд слем финале во кариерата, но пред  себе имаше многу подобар поискусен противник кој целеше на 21 Гренд слем со кој му избега на Роџер Федерер. 

10 јули 2022 - 18:25