Македонската олимписки експедиција заминува во Париз утре и наместо планираните седум, ќе има шест претставници.
Откажа Ева Петровска поради болест, која требаше да настапи во дисциплината 800 метри слободно.
На Летните олимписки кои кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август ќе настапат Дарио Ивановски (атлетика, маратон), Милијана Рељиќ (теквондо), Владимир Егоров (борење до 57 килограми, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање, 400 метри слободно), Еди Шерифовски (џудо) и Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво).
Знаменосци ќе бидат Дарио Ивановски и Милијана Рељиќ, која имаше храбра изјава.
„За мене ова е прв олимписки настап што ме прави многу горда. Пред два дена се вратив од 15 дневен тренинг камп, каде што имав тројца четворица спаринг партнери, кои работеа само со мене и кои ме подготвуваа за потезите што може да ги очекувам од противничките. Сигурна сум дека ќе го дадам максимумот, а се надевам дека со добра ждрепка ќе може да стигнам дури и до олимписки медал“, изјави Рељиќ.
Македонија во Париз ќе има плус четворица претставници меѓу судиите. Тоа се Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во ракомет, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.