Исповедта на Здравко Дејановиќ за кошмарот на Лотце
Во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на скопска Алфа ТВ, врвниот македонски алпинист и хималаист Здравко Дејановиќ, раскажа за страшната линија меѓу животот и смртта која што ја видел на врвот Лотце (висок 8.516 метри надморска висина). Дејановиќ бил во кома, во страшни смрзнатини и едвај бил евакуиран.