Интересни и помалку познати факти за фудбалот

Милиони фудбалски фанови буквално го планираат животот според распоредот на натпреварите на ЕП 2016. Додека фудбалерите ве импресионираат со своите голови, дриблинзи и акции, ние ви ги презентираме интересните и помалку познати факти за најомилениот спорт во светот.

- Фудбалот потекнува од Кина како традиционална игра 476 години пред нашата ера.
 
- Најголемиот фудбалски турнир се одржал во Бангкок во 1999 година и учествувале 5.098 тима и вкупно 35.000 играчи.
 
- Максималниот број голови постигнати од страна на еден играч на еден натпревар е 16, а ги дал Стефан Станис од Франција играјќи за Racing Club de Lens во декември 1942.
 
- Според видеодоказ, најбрзиот гол во историјата на фудбалот го дал Рикардо Оливера од Уругвај во 2,8-та секунда од натпреварот.
 
- Голманите не биле обврзани да носат различна боја на дрес од другите членови на тимот сè до 1913 година.
 
- Фудбалерите трчаат приближно по 9,65 километри во текот на натпреварот.
 
 
- Првиот кошаркарски натпревар е одигран со фудбалска топка.
 
- Европските репрезентации стигнале до финалето на секое одиграно светско првенство, освен
 во 1930 и 1950 година.
 
- Најмногу поени освоени на фудбалски натпревар му се припишуваат на тим од Мадагаскар.
 
- Фудбалерите дале 149 автогола како некој начин на протест и искажување револт поради неферските одлуки на судијата.
 
- Роналдињо стана центар на вниманието кога постигна 23 гола на натпревар што заврши со резултат 23-0, а тој имаше само 13 години.
 
- Низ целиот свет постојат 27 професионални фудбалски клуба што како свој прекар зеле наслов на песна од Битлси. Најпознати се Villarreal од Шпанија, кои се нарекуваат - the Yellow Submarines.
 
 
- Нил Армстронг на своето слетување на Месечината сакал со себе да поведе фудбалска топка, како предмет што го претставува човештвото, но НАСА сметала дека таа не е толку типично американска.
 
- Фудбалската топка има непроменета големина и форма 120 години.
 
- Повеќе од 80% од фудбалските топки во светот се произведуваат во Пакистан.
 
И ние се согласуваме дека фудбалската топка е предмет што го претставува човештвото, имајќи ги во фокусот оние една милијарда страсни фудбалски фанови што го следат и годинешново ЕП. А како синтеза на најпопуларниот спорт, најголемите спортски имиња и огромната еуфорија, Еуро
2016 ги поттикна Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyndai во Македонија, да ги креираат забавните активности „Шут, гол, Сити мол!“, со кои ќе им донесат радост и возбуда на фудбалските фанови и ќе им овозможат патување за двајца на финалето на ЕУРО 2016 во Франција или една од многуте официјални награди.
 
Комерцијален текст
24 јуни 2016 - 10:02