Хамилтон за историја

Луис Хамилтон е победник на седмата трка од Светскиот шампионат во формула 1, а се возеше за Големата Награда на Канада. Возачот на МекЛарен е седми различен победник на една трка во досегашниот тек од сезоната со што испиша нова страница во историјата на ова натпреварување.

Никогаш досега во Светскиот шампионат не се случило на секоја трка да има различен победник. Пред британскиот возач први низ целта минаа неговиот тимски колега Џенсон Батон, Фернандо Алонсо, Нико Розберг, Себастијан Фетел, Пастор Малдонадо и Марк Вебер.

На второто место настапот во Канада го заврши Роман Гросжан на Лотус, а трет беше Мексиканецот, Себастија Перез од Заубер.

Со денешниот триумф Хамилтон изби на чело во генералниот пласман со 88 бода, два повеќе од Алонсо додека трет со 85 е актуелниот светски шампион, Фетел.

Во конкуренција на конструктори, Ред Бул е во водство со 164 бода пред МекЛарен, чии возачи во досегашниот тек од сезоната освоија 133.

Следната трка од Светското првенство во формула 1ќе се вози за две недели, а домаќин е патеката во Валенсија и на програмата е трката за Големата Награда на Европа.

10 јуни 2012 - 22:22