Ѓоковиќ се пакуваше и објасни што носи во торба за турнирите

На својот ТикТок профил, Новак Ѓоковиќ објави видео на кое објаснува што сè носи во огромните, широки, пространи торби за турнирите. Детално појаснува, а кажа и која книга ја чита во моментов.

„Се подготвувам. Менувам тениски торби, ја земам онаа што обично ја користиме за Вимблдон затоа што е поголема, а тоа ни треба: повеќе простор за рекети, капи, потници… Книгата, насловот е „Сè почнува со молитва“. Додатоци… Што друго треба да носам со себе? Се разбира, јас сум еден од оние кои секогаш носат повеќе отколку што му треба. Кога ќе слетам во Њујорк, ќе одам директно на тениското игралиште и ќе тренирам. Значи со себе носам маици и опрема, вели Србинот додека ја префрлаше опремата од една во друга торба.

„Не сум возбуден, бидејќи е 23 часот. И се разбира, ноќ пред поаѓање, сè уште не завршив со пакувањето, бидејќи живеам во куфери. Тоа е мојот живот. Но, тоа не е тажна приказна. Не се жалам за тоа, само го кажувам очигледното. Јас всушност се пакувам во детската соба бидејќи моментално е поуредна од мојата и од собата на жена ми… Премногу торби. Не сакав сè да изгледа толку лошо, тука е пристојно.

Ѓоковиќ со јак предизвик го насмеа словенечкиот ас Погачар

 

20 август 2024 - 08:40