Новак Ѓоковиќ емотивно ги доживува сите настапи за својата земја затоа што се ретки и единствени. Вели дека сега можеби за последен пат ќе игра во Србија.
„Одлично оди за сега, се тече во најдобар ред. Неколку пати реков дека ме мотивираат Гренд слемовите и играњето за репрезентација. Сите останати турнири служат како подготовка за репрезентативната недела и за Гренд слемовите. Мило ми е што можам уште да му бидам на располагање на селекторот Виктор Троицки со кого се знам од дете и со кого освоив Дејвис Куп кој со златото од Олимписки Игри и Вимблдон ми е омилена титула.
Тогаш имате зад клупата припадници на вашиот тим, тоа дава ветер во грб и форматот е таков што се се измени и немавме многу прилики да играме дома.
Последен пат играв пред наша публика пред седум години во Дејвис Куп, ги повикувам да дојдат, можеби последен пат играм овде“, рекол Ѓоковиќ и потсетил дека е на заоѓање на својата енормно богата кариера.