Ѓоковиќ го одра грлото од дерење кон своите

Колку што знае да биде забавен, толку знае и да биде заебан. Новак го мина лесно Дамир Џумхур во првото коло од УС Опен, а во еден момент го истури бесот кон некој од својот стручен штаб, викајќи „Кажи му да седне“.

„Во неколку наврати бев под притисок, стресот изби од мене и почнав да викам. Со мене секогаш е така, дури и кога трибините се празни. Ова не е прв, ниту последен пат. Ми требаше нешто за да го вратам фокусот. Важно е да имам мој тим во боксот и кога ќе погледнам накај нив знам дека имам поддршка“, објасни Србинот по мечот.

 

1 септември 2020 - 15:13