Еуфоријата за Ѓоковиќ во Дубаи

Австралија опен 2022 е минато за Новак, кој гледа напред кон новите предизвици. Дали беше во право или не, сега веќе и не е толку битно. Факт е дека секој тениски турнир е посиромашен кога го нема него.

Новак Ѓоковиќ му се врати на тенисот по 80 дена и после најголемите пречки во кариерата за настап.

Имаше успешен кам бек откако го совлада Лоренцо Музети со 2:0, а по мечот изјави дека пречекот излегол подобар и од најдоброто.

Колку само му фалеше на тенисот најдобриот во светот, може да се види по одличниот пречек во Дубаи.

Аплаузи, овации, автограми, подарок за негов млад фан кој беше пресреќен што воопшто стои до него. 

На кого му го истури Новак бесот?

 

22 февруари 2022 - 14:13