Електро шок и притвор за упад на бејзбол во САД

За време на меч од бејзбол лигата на САД меѓу Синсинати Редс и Кливленд Гардијанс некој млад гледач упаднал на терен и трчал додека еден полицаец не го сопрел. Навивачот кој носел на себе ретро дрес од Синсинати Редс со број 5 на Џони Бенч, не застанал на повиците на полицаецот па дури и направил салто во еден момент. Полицаецот според правилникот го совладал со електро шок а младиот Вилијам Хендон (19) денес бил изведен пред судија и се гони за загрозување на јавен ред и мир.

Судијата Вилијам Малори низ шега на испитувањето го прашал натрапникот: „Сите се прашуваат дали се приземји после салтото“?, а младиот Хендон одговорил „Сигурен сум дека да“.

13 јуни 2024 - 15:38