Но секоја од овие бројки покажува голема разлика над ривалите видлива со голо око.
И Болт замина во заслужена пензија. Се појавија многу претенденти на негово место но никој уште не го стигна.
На атлетиката и требаше нов јунак, нов крал и таа етикета почнаа да му ја лепат на младиот Американец Ноа Лајлс кој е страшно брз како светлосна брзна.
Ноа Лајлс почна да го оправдува епитетот наследник на Болт. Тој потсеќа на него и во ритуалите пред стартот, беше бесен после победи, позираше во невообичаени пози, се зафркаваше со присутните и слично.
Планот му беше да освои три олимписки злата во 2021 во Токио но тогаш не ги поминал националните квалификации на 100 метри во САД, а на 200 метри едвај стигна до финале каде заврши како трет.
После Токио 2021, кариерата на Лајлс тргна во нагорна линија. Тој оствари три победи на Светското првенство 2023 каде се прослави и светот слушна за него, собра многу нови спонзори, се појави во серијалот „Спринт“ на Нетфликс (заедно со Болт). Ноа дојде на чекор од херој во САД и цел свет.
Следен чекор му беше предизвикот олимписко злато на сто метри, единствена титула која му фалеше во колекцијата. Да го врати златото на 100 метри кај САД после цели 20 години беше голем подвиг.
Особено ако се знае дека во исто време и Јамајчанецот Кишан Томпсон имаше исти цели и планови.
Томпсон беше откритие на сезоната, пораснат исто со желба да го стане наследник на Болт. Башка што со Усеин имаат многу заеднички и исти нешта: родната земја, габарит, техника на трчање. Со 1,85 см Кишан Томпсон делува огромно на патеката, цел е како планина со мускули.
Најголемиот ривал на Ноа Лајлс, Кишан Томпсон на Олимписките Игри во Париз дојде со најдобар светски резултат сезонава - 9,77. Покажа најдобро време во полуфиналето. А Ноа Лајлс во финалето влезе како трет.
Стигна и големото финале на 100 метри, трка во која за помалку од 10 секунди може да се смени историјата. На крајот испадна дека пет илјадити делови од секундата направија историја.
Ноа Лајлс и Кишан Томпсон имаа практично исто време, истрчаа 100 метри во финале за 9,79 со тоа што Американецот прв ги испрси градите и бил регистриран дека за 0,0005 секунди побрзо минал низ целта до Јамајчанецот.
Ова е најмала временска дистанца, најблизок финиш меѓу првиот и вториот во историјата на Олимписки Игри.
На легендарниот „Стад де Франс“ во Париз, Лајлс беше на седмата патека, Томпсон на четвртата, дури и операторите кои ја пренесуваа историската трка не знаеја кого да покажуваат во кадар.
Ноа Лајлс на крајот не верувал во себе.
„Го гушнав Кишан и му кажав: „Дечко ти победи“, признал Лајлс после трката.
Но фотофинишот имаше друг еиполг: Ноа бил побрз за петилјадити дел од секундата и постави личен рекорд од 9,79 во олимписко финале.
ШТО ГО ЧЕКА СЕГА НОА ЛАЈЛС?
Лајлс како да се опушти после победата па на прес-конференција пред новинарите се смешкал и зафркавал:
„После 2021-ва посветив голема работа над себе и сега им пристапувам на новите почетоци повеќе со љубопитност отколку со возбуденост“.
Лајлс има голема мисиија: сака да освои четири злата. После класичното спринтерско трио (100, 200 и 4х100 метри), предизвик му е и штафета 4х400. Ваков подвиг со 4 олимписки злата на едни Игри нема ниту Усеин Болт, но не поради негова вина затоа што Јамјка не беше фаворит во штафетата на долг спринт па ни Болт не ги вадеше.