Белград гори, Новак сам го запали огнометот и го почна славјето
Стандардно, како и претходните големи успеси, така и овој на Роланд Гарос беше одбележан пред ресторанот на Ѓоковиќ во друштво на неговите родители и еден куп негови фанови. Журката беше зачинета со жива музика и спектакуларен огномет кој го лансираше човекот кој го нокаутираше Циципас по негатива од 0:2 и стигна до Гренд слем број 19 во кариерата.