И брат му на Џејк, Логан Пол одел по истиот пат од Јутјуб до ринг, па американската публика сакала него да го види во егзибициски дуел со некогашниот светски шампион во тешка категорија Флојд Мејведер.
На промоцијата пред оваа егзибициска борба меѓу Логан Пол и Флојд Мејведер, брат му Џејк Пол насилно му ја зема капата на Мејведер и настанува тензична гужва.
Ревијалниот боксерски меч меѓу Логан Пол и Мејведер се одржа во јуни 2021-ва, боксуваа осум рунди, а на крајот поради тоа што беше егзибиција немало победник иако Мејведер бил далеку, далеку подобар.
И синоќа после НБА дуел Мајами Хит - Кливленд Кавалирс, брат му Џејк Пол излегува сам од сала и налетува баш на Флојд Мејведер и десетина негови пајташи. „Да го здробиме дечки, а?“, дофрла еден од Флојдовите разбивачи, а Џејк Пол сфаќа дека ѓаволот ја однел шегата и ги пали патиките:
Full altercation between Jake Paul and Floyd Mayweather in Miami 😳
— Happy Punch (@HappyPunchPromo) March 9, 2023
(via @TMZ_Sports) pic.twitter.com/MYLVOUKK6V
Floyd if you want to fight 1 on 1 we can do that but don’t try to hop out of 3 cars 25 dudes deep tryna to jump me while I’m tryna enjoy my Wednesday night
— Jake Paul (@jakepaul) March 9, 2023