Рускиот велемајстор Володар Мурзин одигра фантастичен турнир и од 13 партии освоил дури 10 бода. Тој бил во предност уште од вториот ден а истата ја одбранил и после третиот ден и заслужено на крајот ја добил круната и пехарот за нов светски шампион.
Зад него завршија Алексендар Гришчук и Јан Непомњачи кои освоија по 9,5 поени.
Интересно, младиот Мурзин беше 59-ти на стартната листа и на крајот сензационално стана светски шампион, нешто што никој не го очекувал. Тој ги победи некои од најголемите имиња во светскиот шах како Фабиано Каруана, Хикара Накамура, Јан-Кшиштоф Дуда и Рамешбабу Праганананда.
Кај дамите светскиот шампионски пехар го освои Хампи Конера од Индија која стигна до 8,5 поени од 11 дуели.
Целиот Светски Куп го одбележи суспензијата и дисквалификацијата на најголемиот фаворит, големиот и апсолутен шампион Магнус Карлсен (34) од Норвешка кого Светската шаховска федерација ФИДЕ го казнила парично поради тоа што не се држел до кодексот на облекување односно дека носел фармерки на натпреварите. Тој жестоко им одговори и го напушти турнирот.
Младиот руски велемајстор после првиот ден го делел местото со уште тројца ривали, остварил четири победи по ред меѓу кои и онаа против вториот носител на турнирот, врвниот шахист Фабиано Каруана и одиграл реми со Левон Ароњан.
На вториот ден Мурзин потврдил дека не случајно имал успеси првиот ден. Одиграл цврсти реми дуели против топ играчи како Домингез, Еригалси и Гири а во 9. коло го совлада одличниот Хикара Накамура.
Завршниот ден Володар го започнал со победа против Дуда кој исто беше меѓу водечките носители и фаворити. После тоа првите три места ги завземале исклучително руски шахиси: Мурзин, Гришчук и Непомњашчи.
За тоа колку шахот не е привлечен меѓу спонзорите и општо јавноста говори и фактот што победникот, односно Светскиот шампион ќе освои 90.000 долари (отприлика дневна плата за најголемите фудбалски ѕвезди).
КОЈ Е МУРЗИН?
Володар Мурзин е роден на 18. јули 2006-та година во Нижњи Тагил. Потекнува од големо семејство и има четири сестри. Шах учел дома а подоцна прв тренер во детството му бил Сергеј Сулимов кај кого почнал да вежба шах од седум години. Неколку години подоцна го примиле во спортската школа „Стратегија“ во Нижњи Тагил и тоа кај истиот тренер.
На својот прв официјален турнир, во фазата на Детскиот Куп на Русија во 2014-та година освоил 9/9 поени и брзо станал еден од водечките млади шахисти во земјата.
Во 2015-та Мурзин го освоил и официјалното првенство на Русија во блиц во своја возрасна категорија, а една година подоцна станал европски првак во класичен шах.
Низ годиниве тој остварувал големи успеси на светски и европски јуниорски првенства а тренери му биле познати шаховски имиња.
Од 2017-та главен тренер му е велемајсторот Михаил Кобалија кој го следел и на Светското првенство 2024 во Њујорк.
👏 Congratulations to Volodar Murzin, the 2024 FIDE World Rapid Champion! 🏆
— International Chess Federation (@FIDE_chess) December 29, 2024
📹 Final moments from the final round. #RapidBlitz pic.twitter.com/HNCDEbeE71