Ракомет

Торпедо на Столе од 9 метри

Вардар бие тешка битка против Кјелце кој важи за фаворит на гостувањето во Јане Сандански. Пољаците водеа +4 на полувреме, а капитенот намали на +3 со еден удар на прва во кој го истури цел бес што не им оди.

Што правеа ракометарите на Металург 43 часа во автобус?

Ова не е вест од 1960-та, туку 2020-та или поточно Ковид невреме во кое ниту за спортски натпревар од европски карактер, не може да се патува нормално на гостување. На Металурзите им се случи патешествие како на апсолвентска.

Манасков постави сензационален клупски рекорд во Веспрем

Паралелно со фудбалската возбуда која се ближи во Тбилиси, вести за гордеење ни пристигнаа од Унгарија, каде еден од нашите најдобри ракометни репрезентативци се надмина себе си, но и клубот.

Кога Кире ќе се крене на 9 метри се тресе голот од ударот

Македонската ракометна репрезентација лесно ја збриша Финска 33:24 на првиот квалификациски меч за ЕП 2022. Капитенот ги потепа гостите со 11 погодоци, а ЕХФ издвои еден проектил и напиша „Жива легенда“ за нашиот лидер кој гази и на 40 години.

Кире кине мрежи и го има на топ листи и на 40 години

За нашата ракометна икона годините се само бројка. Нант во драматичен дуел загуби во дербито со Лимож 32:31, а Лазаров блесна со 10 гола од кој еден се најде во топ 5 на колото во Франција.

Нова добра партија на Вардар, за жал победата избега во последна секунда

Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.

Борко решета од гол на гол, Митревски брани како мачка

Борко Ристовски прави вечерва мало шоу на мечот против Порто во Лига на шампиони. Постигна 3 погодоци од гол на гол и тоа сите три во првиот дел кој Вардарци го добија 13-12. Ама на другата страна чуда правеше и Никола Митревски (32) кој брани во животна форма.

Импресивните одбрани на Митревски против Пик Сегед

Таа со цепелинот е една и единствена и со право е прогласена за најдобра на колото во Лига на шампиони, но голманот на македонската репрезентација имаше вкупно 15 и беше играч на натпреварот за својот Порто.

Пантерска одбрана на Митревски, коментаторот во транс

Додека Вардар го газеше Фленсбург, чуварот на голот на Македонија ги фрустрираше ракометарите на Пик Сегед на кои им фати 15 топки од кои една му беше скроз лудачка. Му спречи цепелин на Канелас со нестварна интеревенција и беше прогласен за играч на мечот, а Порто славеше 25:19.

Шампионски блесок на Вардар против Фленсбург

Ракометарите на Вардар не можеа да посакаат поубав кам бек на паркетот после сите перипетии со коронавирусот кој им „скина“ два меча од распоредот. Одиграа како во најдобрите денови и го декласираа германскиот состав кој допатува во Скопје непоразен со три од три.

Го има ли Столе голот на колото во ЛШ?

Каква пауза, каква корона, какви бакрачи. Вардарци вечерва блеснаа против Фленсбург, а играч на мечот беше Столе Стоилов кој ги растури Германците и направи шоу во стилот на Индира Кастратовиќ, без да гледа во гол. Уживајте.

МТВ ќе го пренесува Вардар 1961 во Лига на шампиони и Металург и Еурофарм во ЕЛ

Македонската радио телевизија (МРТ) ја израдува спортската јавност во земјава, откако соопштија дека ќе ги даваат натпреварите на македонските клубови во еврокуповите.

Ненадиќ ама немој до толку агресивно во одбрана

Веспрем одигра натпревар од домашното првенство на кој го здроби Балатонфуреди со 38:11, а камерите го уловија српскиот ракометар Петар Ненадиќ тотално лежерен без воопшто да се замара во одбрана. Рацете на половина и мислиш со другарите е излезен на клупи во маало.

Опасен лажњак на Скубе кој ги измести ѕвездите на ПСЖ

Мешков Брест направи големо изненадување во ЛШ и тоа против ПСЖ кој го совлада со 32:31. Потег број 1 на мечот е дефинитивно оваа финта на поранешниот вардарец Сташ Скубе кој ги прати по бурек момците на Раул Гонзалес.

Обидот на Кире на 19 години да биде над селекторот

„Остави ме да играм, не ме зафркавај“, бил коментарот на Лазаров, тогаш младинец со голем потенцијал. Но за тоа добил казна и си ја сфатил грешката, а сега е ракометна икона која на 40 години уште држи лекции на терен.

А сте го виделе ли Дибиров со баскет в рака?

Знаеме дека е мајстор за куцање, ама со ракометна топка во гол на крилна позиција. Не знаевме дека го бива и за вакви НБА егзибиции.

Страхиња Милиќ едвај се движи од дебелина

Еднаш го суспендираа во Вардар со ултиматум да ослабе ако сака пак да брани, па се врати шланг, ама проблемот е што повторно без осет се удри на јадење и следуваше раскин на договорот. Еве го сега во дрес на Партизан. Медвед.

Леброн го потопи Денвер и ги однесе Лејкерс во прво финале после 9 години

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс со 117:107 го совладаа Денвер и станаа конференциски шампиони на Западот. Сега ги чека големо финале против Мајами или Бостон Селтикс каде води Хит.

Мајсторски гол на Манасков на дуелот против Кире

Ракометарите на Веспрем ја добиja пресметката против Нант во Лига на шампиони со 28:24. Дејан и Кире дадоа по 5 гола, а сите зборуваат за магијата на крилото на македонската репрезентација.

Ама му се сипа Чупиќ на Стефче

По серија од три трофеи во низа и вкупно пет од девет одржани изданија, ракометарите на Вардар загубија од Веспрем во финалето на СЕХА лигата. Поразот беше висок 35:27, а Иван Чупиќ незадоволен од изданието на своите колеги за што пцуеше и викаше да одат во соблекувална.

Признанието за Крал на Инстаграм оди кај Дибиров

РК Вардар е бранител на трофејот во СЕХА лига каде вечерва во Задар игра полуфинале против Загреб, а тронот не го даваат ниту на социјалните мрежи каде се највлијателни. Од СЕХА лигата круната му ја доделија на Циндриќ, па Карачиќ, а оваа година на Тимур. Сè вардарци и во оваа конкуренција.

Столе - Чкембари 1:1

Македонскиот ракомет дефинитивно ќе има многу интересна сезона. Она што неколку години фалеше на домашна сцена е неколку израмнети тимови по квалитет. Доказ за тоа е и високиот пораз на Вардар од Еурофарм Пелистер кој се остри за титулата заедно со сериозно засилениот Металург.

Платите во РК Вардар 2010-2020

Не е ова информација која македонските колективи во било кој спорт имаат навика да ја споделат со јавноста и затоа ја дознаваме од Handball tv. Се знаеше дека Сергеј фино ги плаќа, барем кога ги плаќаше, што значи сумите се од прилика познати од чаршијата.