Мотивацијата да игра во родната Битола, каде ги почна првите ракометни чекори, на Филип Кузмановски му се забележи уште во првата минута и првата акција на мечот кој го отвори со гол кој се најде и во изборот на ЕХФ. Фитиљ се врати во македонскиот ракомет после четири години минати во Германија каде играше за Магдебург, Хановер и Вецлар.