Ракометната Лига на шампиони е најголем клупски спектакл и најквалитетно клупско натпреварување во светот. Тука нема збор. Но некако не ни оди да го наречеме најелитно, како што велиме за фудбалската ЛШ.
Клубовите на овој турнир се борат за трофеј, кој носи радост, реноме, историја, но не и пари.
Според финансиската стратегија на ЕХФ направена во 2020-та, ракомените клубови излегува дека се жив зијан од учеството во ЛШ.
Пазете го ова. За бод на натпревар во групна фаза се заработуваат 5.000 евра. Смешки. Пари кои изминатото коло ги заработи Еурофарм Пелистер за нарешениот резултат против Спортинг. За вода и струја во салата Боро Чурлевски нема да им стигнат.
Нерешениот исход на плејф натпревар се плаќа по 7.500 евра, а во четвртфинале 10.000 евра. Чекај зборуваме за ЛШ или турнирот Сокол во Карпош?
Аха, добро, еве појачување. За секое гостување клубовите добиваат по 30.000 евра, веројатно како помош за патни трошоци и сместување.
30.000 евра е заработката и за прва и втора позиција во група, а 50.000 евра за пласман на Ф4.
Шампионот вкупно стигнува до премија од 1 милион евра.
Неблагодарно и смешно е да ги споредуваме ракометната со фудбалската ЛШ, ама чисто информативно бујрум:
Во фудбалската 18,8 милиони евра се плаќа за пласман, 700.000 за реми, 2,1 милион за победа...
Сумите се во фунти и долари.
Инаку Пелистер вечерва со почеток од 20:45 игра на гости против Висла Плоцк.