
Вечерва во ракометната Лига на шампиони ќе се комплетира 10. коло а потоа дури до почеток на февруари ќе има зимска пауза. Еурофарм Пелистер сега сам зависи во борбата за саканото шесто место во група А кое значи и нокаут фаза.
До крајот има четири кола. Пелистер има повеќе бодови од директните конкуренти за шестото место (два повеќе од Висла и три повеќе од Фредериција).
Битолчани до крајот на групната фаза ги чека тежок распоред со Спортинг Лисабон на гости, Динамо Букурешт дома, Фуксе Берлин на гости и со ПСЖ дома, но и противниците за 6. место ги имаат истите ривали.