ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија се збогуваа со играње ракомет

Ракометната федерација на Македонија им ги изрече најжестоките можни казни на двете прволигашки екипи. Исклучени се целосно.

Ракометниот срам и скандал, до сега невиден во Македонија доби конечен епилог.

РФМ не ги казни женските екипи на Скопје и Гевгелија само сезонава, туку ги исклучи од федерацијата, што значи повеќе нема да може да играат на ниту едно натпреварување.

Одлуките се донесени откако во последните пет минути од Куп натпревар одигран во салата Македонски херои во Скопје (ама им „легна“ имево), двете прволигашки екипи почнаа да си даваат намерни автоголови.

Бруката на ракометарките всушност се претвори во битка кој ќе загуби, за да не налета во следното коло на силниот ЖРК Ѓорче Петров.

Казни има и за претседателките и тренери на двете екипи Валентина Радуловиќ и Јулија Беќерова, како и за Веселинка Тренковска, кои нема да можат да извршуваат функција во ракометот во наредните две години.

Делегатот е суспендиран на 6 месеци.

Видео од бламажата

13 ноември 2024 - 12:48