На стартот на новата сезона од елитната Лига на шампиони, ракометарите на Пелистер одиграа супер дуел против гигантот ПСЖ и загубија само два разлика 31-29. Пелистерци беа на праг на сензација со моќниот париски клуб и за разлика од претходната сезона кога беа вреќа за удирање и убедливo најслаб тим, сега најавија подобри игри во продолжение од сезоната. Филип Кузмановски беше најефикасен играч кај Битолчани со осум гола од кои еден беше права бомба. Следната недела, поточно во среда во Битола доаѓа германски Фуксе пред полни трибини во „Боро Чурлевски“.