Актуелните светски и олимписки шампионки, ракометарките на Норвешка не успеаа да ја комплетираат целосната доминација. Репрезентацијата на Црна Гора успеа да ја изненади ракометна европа и ја освои својата прва титула и тоа по четири (2х2) продолженија.
Во текот на целиот натпревар се водеше неизвесна и израмнета борба, а Црногорките одиграа одлично, а на осум секунди до крајот имаа и предност која Норвежанките успеаа да ја анулираат и по регуларните 60 минут натпреварот заврши со резултатот 24:24.
По првите продолженија резултатот повторно беше израмнет (28:28), но по вторите продолженија Црногорките славеа со 34:31.
Најефикасна во победничкиот состав беше Милена Кнежевиќ со 10 голови, а Норвежанката Ида Алштад постигна 11. Црногорската голманка Соња Бајрактаровиќ одбрани 17 удари кон нејзиниот гол.
Претходно и натпреварот за третото место беше одлучен по продолженија, а домаќинките, репрезентацијата на Србија загуби од Унгарија со 41:38.