Поради близината со Италија каде тифо сцената веќе била во подем, но и поради врелиот јужен темперамент, навивачите на Хајдук биле први кои поставиле стандарди во ултрас движењето во поранешната СФРЈ.
Тотално неразбирлив за нас Европјаните, односот на американската кошаркарска публика подразбира тролање на противникот со најразлични методи, а тоа што се случува во НБА салите го нема никаде.
На полјаната Енфилд најпрвин играл Евертон кој собрал многу навивачи по првата освоена титула, поради што газдата на земјиштето ја кренал киријата, а подоцна решил да основа нов ривалски клуб крстен по името на градот.
Тоа што го пејат навивачите на двете најголеми величини на аргентинскиот фудбал, додека го слушате ќе може и да го читате на нашки. Преводот ни го обезбеди Пипо кој ни праќа и други интересни видеа како изговорот на странците во Серија А.
Македонските ракометари од вечерва добија ново засилување на трибините во Таурон арената во Краков. Околу 50 навивачи на Работнички отпатуваа во Полска и ја бодреа Македонија против Хрватска.
По ремито против Србија 27:27, клучно за пласман во вториот круг на Европското првенство во Полска, во фан зоната на нашите навивачи синоќа беше весело.
Нивниот омилен клуб не се вика Барселона, Баерн Минхен или Манчестер Јунајтед, туку Магдебург. И тоа ова е снимка од сала каде игра тимот со деца под 15 години.
Дортмунд и натаму е неприкосновен лидер во просечната стадионска посета сезонава. На листата најгледани тимови доминираат германските и англиските екипи со по некои Французи.
Оваа година отворивме нова рубрика и ја крстивме „навивачи“ без кои нема фудбал. Страста, емоциите, патувањата, победите, поразите и зошто им даваат поддршка ни раскажаа девет македонски фан клубови.
Прво ги нервиравме навивачите на Челси, па на Манчестер Јунајтед, а сега се на ред оние на Ливерпул. Има неколку болни моменти за нив, како губењето на титулата на пример која ја имаа в раце.
Во пресрет на утрешното скопско дерби во Градски парк, навивачите на Работнички ја билдаат атмосферата со најава во која ќе ја видите нивната голема навивачка страст кон 14-кратниот првак на Македонија.
Рубриката „навивачи“ која ја отворивме за да ја полниме со луѓето без кои не може фудбалот, ја продолжуваме со првиот официјален фан клуб признат во странство. Се спремаат за Париз на осминафинале во ЛШ, каде велат дека би спиеле и на клупи.
Амбри е швајцарски клуб кој никогаш не ја освоил националната швајцарска лига, но никогаш и не испаднал откако таму се натпреварува во 1985 година. Тоа е најкусо инфо за клубот, него пазете им ги навивачите.
На 29 декември во вторник Лестер ќе го пречека Манчестер Сити, а тоа ќе биде воедно и причина за одбележување на година дена патување од последно до прво место.
Дербито на Казабланка во Мароко важи за едно од најжестоките во светот. Последното го одиграа минатиот викенд и заврши 0-0. На теренот немаше голови, но на трибините фрштеше на сите страни.
Аргентинците и генерално Јужно-американците се познати по страста кон фудбалот. Не прашуваат колку чинат патувањата за да го бодрат омилениот клуб. Така околу 10.000 навивачи на Ривер Плата од целиот свет допатуваа во Осака, каде се игра Светското клупско првенство.
Четворица навивачи на Јувентус во пресрет на вчерашниот меч против Фиорентина наоружани со фантомки плашеле гостински навивачи во сендвичара. Истите фрлаа димни бомби пред две години на стадион.
Борусија Дортмунд славеше 4:1 против Ајнтрахт Франкфурт во претпоследното коло пред зимската пауза за одржување на -5 до лидерот Баерн. Навивачите се распеаа со најславната божиќна песна.