Дека фудбалот на Островот е религија покажаа и навивачите на новиот освојувач на Лига Европа. Прво достоинствено и мирно оддадоа почит и изразија сочуство кон роднините и пријателите на загинатите од терористичкиот напад, а потоа искрено му се израдуваа на пехарот што никогаш не го освоиле.