Манчестер Арена е втора најголема концертна сала во Европа (прва е Анверса во Белгија) и собира 21.000 гледачи. Идентитетот на жртвите од синоќешниот напад се уште не е објавен и постои страв дека повеќето од нив се деца којшто го слушале концертот на американската поп пејачка Ариана Гранде синоќа.
Терористичкиот напад се случи во пресрет на големото финале од Лига Европа во кое играат Манчестер Јунајтед и Ајакс. Натпреварот ќе се одигра утре вечер од 20:45 на „Френдс Арената“ во местото Солна близу Стокхолм.
UEFA accepted request from Man Utd not to hold their pre-Europa League final press conference in Stockholm this evening
— Dan Roan (@danroan) May 23, 2017
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед со соопштение преку социјалните мрежи изрази длабока загриженост и шок за синоќешниот напад. Тимот од „Олд Трафорд“ изрази и сочуство и жалење до сите кои ги загубиле најблиските.
We are deeply shocked by last night’s terrible events at the Manchester Arena. Our thoughts and prayers go out to all those affected.
— Manchester United (@ManUtd) May 23, 2017
Манчестер Јунајтед попладнево треба да отпатува во Стокхолм од каде ќе замине веднаш после мечот утре вечер. Управата на клубот побарала од УЕФА играчите да може да носат црн флор на ракавите во знак на сочуство за жртвите од терористичкиот напад во Манчестер.
It's with great sadness we hear of the terrible events at the Arena. Our hearts go out to all affected and to our city's emergency services.
— Manchester City (@ManCity) May 23, 2017
Се огласи и Манчестер Сити кој што исто така изрази сочуство за ужасниот настан во Арената.
Доцна синоќа на Твитер профилот на Манчестерскиот аеродром стои дека летовите денес нормално ќе функционираат. Тоа значи дека навивачите на Јунајтед ќе можат да отпатуваат на финалето од Лига Европа утре вечер во Шведска.
Flights are scheduled to operate as normal today however some transport links to the airport maybe affected. Please check before you travel.
— Manchester Airport (@manairport) May 23, 2017