Борусија Дортмунд славеше 4:1 против Ајнтрахт Франкфурт во претпоследното коло пред зимската пауза за одржување на -5 до лидерот Баерн. Навивачите се распеаа со најславната божиќна песна.
Не е ниту прв ниту последен пат навивачите на ПАОК лежерно да палат пиротехника буквално на целиот стадион, по што логички се наметнува прашањето дали редарите грицкаат семки на врата и дали воопшто претресуваат?
Вечерва играат Наполи и Легија Варшава, екипи кои ги имаат можеби најфанитичните навивачи во Лигата на Европа. Како резултат на тоа доцна синоќа на улиците на Неапол имало неколку тепачки.
Малме прими 8 гола на Бернабеу и отпатува во Шпанија како аутсајдер. Исто беше и со Борусија Менхенгладбах која загуби од Сити со 4:2 и немаше шанси за нокаут фаза во Лига на шампиони. Тоа не беше пречка да се оди на гостување во Мадрид и Манчестер и тоа во бројка од неколку илјади. Респект за лојалноста на момциве кои грмеа на трибина.
Навивачите на Меренгес од Македонија успешно ја заокружија богатата 2015 година во која ги бодреа Кралевите ширум Европа. Ни раскажаа за контактот со уредникот на реномираниот АС и зошто настанал проблем со поставувањето на македонското знаме на трибините каде се наоѓа групата Ултра Сур.
Пред почетокот на последното градско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички, група навивачи на центарскиот клуб одлучија да направат мини екскурзија низ делот од градот каде „не се јаде ниту домат затоа што е црвена боја“. За среќа, немаше близок контакт меѓу двете страни кои подоцна на мечот вербално се препукуваа.
Последната нивна средба беше емотивна кога лани Kомитите се збогуваа со Кале, храмот на ракометот, а на Веселин Вујовиќ му приредија спектакл кој потоа се обиде да го опише на пресот. На 10 декември, Вардар повторно го пречекува Загреб во СЕХА лигата, а овој пат се очекува нов голем пречек во Јане Сандански за нивниот миленик.
Од Кротоне до Милано има 1.200 километри и околу 12 часа пат со кола, но тоа не е никаква пречка за навивачите на второлигашот да се организираат во бројка од 5.000 и да направат спектакл на Сан Сиро. Синоќешниот меч беше во рамките на 4. коло од Купот на Италија во кое Милан успеа по продолженија да слави со 3:1 и да се пласира во осминафиналето. Па ние волку навивачи ни на дерби не можеме да збереме.
Кај нас на стадион се грицкаат семки и сончоглед, исто како во Црна Гора, Србија, Бугарија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Гибралтар, Израел, Молдавија, Романија, Русија, Украина, Шпанија.
Иако навивачите на францускиот прволигаш на дербито против Ажаксио минатата недела останале надвор од стадионот при интонирање на државната химна, затоа што како што велат таа химна не им припаѓа нив, остатокот од стадионот со аплауз ја испрати интонацијата.
Навивачите на ПСВ Ајндховен презадоволни со бод заминаа од Манчестер вечерва. Додека чекаа да се испразни Олд Трафорд ја запеаа песната за Коло и Јаја Туре со сè кореографија.
По пар пијани навивачи на БиХ кои во Даблин го прекинуваа 1-минутниот молк, синоќа на пријателската меѓу Турција и Грција во Истанбул, домашните навивачи громогласно го исвиреа 1-минутниот молк во чест на жртвите од терористичкиот напад во Париз.
По ремито 1:1 на првиот дуел, Ирска со 2:0 ја совлада БиХ на реванш средбата од плејофот за Европското првенство и обезбеди пласман во Франција. Гостинските навивачи не ги испочитуваа до крај жртвите од терористичките напади во Париз.
Група колумбијски навивачи тргнале на гостување во Чиле кога полицијата во нивните автобуси пронашла 575 килограми кокаин. Возачите и дел од патниците се уапсени.
Одиш во школо, им го пушташ видеово на другарите во клас и им покажуваш како се води навивачка група. Снимката е по лондонското дерби меѓу Арсенал и Тотенхем кое заврши 1:1, а малиот почнува да пее за Кристијан Ериксен.
По тродневно барање по улиците на Атина, каде грчката полиција уапсила преку 100 навивачи на Олимпијакос, Динамо Загреб, Панатинаикос и Црвена звезда, Хрватите и Србите претпладнево се сретнале во близина на атинскиот аеродром по што избила голема тепачка.
На 25 август 2004 година Интер го пречека Базел во реванш квалификациската средба за ЛШ, а еден од гостинските навивачи доживеа чудна судбина и остана клошар низ улиците во Милано.
Откако минатата недела се судрија со полските навивачи во Манчестер, хулиганите на Севиља синоќа нападнале симпатизери на Манчестер Сити во пресрет на дуелот на овие два тима во Лигата на шампиони вечерва.
Нивниот тим игра под секое ниво, заостанува 19 бодови зад најголемиот ривал па на Гробарите не им преостана ништо друго освен да го задеваат помошниот линиски судија кој го испрскаа со вода.
Најстарата организирана навивачка група во Европа викендов го прослави 65. роденден со кореографија и многу бакљи кои ги внесоа на досетлив и ризичен начин.
Навивачите на Рома и Лацио веќе два месеци водат борба против градските власти и полицијата кои решија со разни градежни материјали да им ги поделат трибините, наводно за поголема безбедност.