Знамето на Џенова среде море поради кое се стигнало на суд

Ривалството меѓу најстариот клуб во Италија, Џенова, и нивниот градски ривал Сампдорија, датира многу одамна. Во реонот Бокадасе во Џенова, во морето скоро 50 години се веело знаме на фудбалскиот клуб Џенова.

Двајца познати навивачи на Сампдорија, видни личности во градот решиле да се обратат на суд со цел ова според нив незаконски поставено знаме на фудбалскиот клуб Џенова да се тргне од јавен простор.

Судот одлучил во нивна корист, образложил дека местото, локацијата на кое се поставило знамето е јавен простор и не може да се узурпира, па наложиле да се тргне. И го тргнале од таму.

Традицијата која трае од 1974-та година била прекината. Но само накратко...

За брзо време, во 14:30 часот напладне по утринската одлука на судот, во локалната црква се собрале близу 500 упорни навивачи на Џенова. Понекогаш го додавале знамето од чамец во чамец со цел да се намести на карпестото островче во морето, а понекогаш одат од карпа на карпа до крајната дестинација.

Знамето сега повторно стои таму, а каква ќе биде реакцијата на навивачите на Сампдорија и градските власти, останува да се види.

Џенова за првпат во својата вековна историја, годинава испадна од Серија А во втора лига Серија Б. Во моментов се трети со 33 освоени бода, зад првопласираниот Фрозиноне кој има 39 и втората Реџина од Реџо Калабрија која освои 36 бода. Џенова има добри шанси да се пласира директно назад во А или преку баражот.

Тренер на екипата е Алберто Џилардино, некогашниот центарфор на неколку италијански клубови.

29 декември 2022 - 11:26