Три генерации славеле историска победа на Ботафого

Во се-бразилското финале на најголемиот фудбалски турнир во Јужна Америка, Копа Либертадорес, лидерот во бразилската Серија А Ботафого направи право чудо откако со играч помалку уште од 120-та секунда, на крајот го совлада големиот ривал Атлетико Минеиро со 3-1. Ова беше прв историски триумф на Ботафого во Копа Либертадорес во 125 годишната историја на клубот.

На пехарот му се израдуваа дедо, син и внук, сите подеднакво среќни и гушнати за Ботафого:

Финалето на Копа Либертадорес се играше во Буенос Аирес на легендарниот стадион „Монументал“, домот на Ривер Плејт.

Ботафого остана со играч помалку уште на самиот почеток после 100-ина секунди игра кога Грегоре доби директен црвен картон за тежок прекршок.

Но Ботафого прв дојде до предност и тоа преку Луиз Енрике во 35' минута. Во 44-та минута дури из големија на 0-2 со гол од пенал на Алекс Тељеш.

На почеток на вториот дел Еду Варгас намали на 1-2 во 47-ма минута но тоа беше се од Атлетико Минеиро затоа што тимот предводен од Португалецот Артур Жорж го затвори мечот со гол во 90+7' минута од судиското продолжение на Жуниор Сантош за конечни 1-3.

Еве како изгледале трибините на финалето Ботафого - Атлетико Минеиро:

Ова беше прва историска победа на Ботафого во финале на Копа Либертадорес и прва шампионска титула. Се славела долго на улиците во Рио де Жанеиро.

5 декември 2024 - 08:33