Во турската Суперлига после неколку сезони, триото гиганти Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ се на првите три места. После 22 кола Галатасарај е прв со 54 бода, Фенер втор со 48 а Бешикташ трет со 40 колку што има и четвртиот Истанбул Башакшехир.
Бешикташ во неделата ја пречека Анталијаспор во натпревар кој заврши без голови, но кој ќе се памети по голема хуманост на приврзаниците на домашниот клуб.
Навивачите на Бешикташ со претходен договор и најава, на терен фрлија илјадници плишани мечиња и разни играчки за децата погодени од земјотресите.
Мечињата се продавале пред стадионот „Водафон Парк“ во комбиња од брендот Toyzz Shop и се продавале од 20 лири (1 евро) па нагоре. Собраните средства од продажба на мечиња и играчки ќе бидат донирани во фонд за настраданите лица во земјотресите.
Beşiktaşlı taraftarlar, yanlarında getirdikleri oyuncakları depremzede çocuklarımıza gönderilmesi için sahaya attı 🖤🤍 pic.twitter.com/F8RzWCoUQT
— Fatma Karaağaç (@ftm_krgc) February 26, 2023
Земјотресите во Турција се случија на 6 февруари и беа со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени. Се случиле рано наутро на југо-истокот од Турција со епицентар кај градот Кахраманмараш. Според последните податоци загинале 44.374 лица.