Натпреварот меѓу Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив во израелското првеснтво бил прекинат откако во 11' минута домашните навивачи фрлиле десетина бакљи на теренот а со една од нив го погодиле и сопствениот голман на Макаби Хаифа, Шариф Кајоф. Судијата после десетина минути решил да го продолжи натпреварот но на полувреме по лично барање на министерот за спорт натпреварот бил прекинат. Властите сега бараат од фудбалската федерација драконски казни за изгредниците и за клубовите како и затворање трибини на стадионот во Хаифа.