Од Бетис за дечињата, празничен дожд од плишани мечиња

Шпанскиот клуб Бетис пред католичкиот Божиќ одигра 1:1 против Ваљадолид, но навивачите беа во празнично расположение и го направија пред натпреварот традиционалниот играчкопад, односно подарија од трибините илјадници плишани мечиња за децата од најранливите социјални категории.

Прекрасната традиција на Бетис која што ја има уште и во Холандија, во Германија и во САД, започна во Андалузија во 2018-та година, а привремено беше сопрена од глобалната пандемија.

Обично на теренот прилетуваат 15-20.000 плишани мечиња и други играчки. Традицијата е позната и како La lluvia de peluches или во превод: Дожд од играчки (Peluchada).

Од целиот голем стадион „Бенито Виљамарин“ кој собира дури 55.000 гледачи летаат плишани мечиња на сите страни.

Долу редарите ги собираат и ги носат на посебно подготвено место од каде подоцна се доставуваат до сите деца од ранливи категории и болници.

Има и важни критериуми: плишаните играчки не смеат да бидат поголеми од 30 сантиметри во висина и ширина и не потешки од 200 грама, без никакви пластики или материјал кој би можел некого да повреди.

25 декември 2024 - 09:00