Пред пар месеци Борусија Дортмунд му гостуваше на Мајнц во натпревар во кој домаќините славеа 3-1 и ја продолжија очајната сезона во Бундеслига на Дортмунд. Навивачите на Борусија, поточно подгрупата „Десперадос“ тогаш прославиле 25-годишнина со 50-ина бакљи и убава кореографија. Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) сега ја казни Борусија Дортмунд со 47.000 евра за овој „испад“ на навивачите.