Навивачите на Олимпијакос сакаа да го линчуваат судијата Давиде Маса

Најтрофејниот грчки клуб и долгогодишен хегемон Олимпијакос, сезонава најверојатно ќе се прости од титулата. Во неделата вечер со 1-3 ги декласираше големиот ривал АЕК и тоа на нивен терен во Пиреја. На плејоф табелата за титула, Панатинаикос е прв со 72 бода колку што има и АЕК, Олимпијакос е трет со 63 бода, а Паок четврти со 60.

Фрустрирани од некои судиски одлуки, и бесни од убедливиот пораз, навивачите на Олимпијакос влегле во терен после мечот и направиле хаос.

Во Грција, веќе неколку сезони по ред судат странски судии со знакот на ФИФА. Дербито Олимпијакос - АЕК Атина го судел познатиот италијански арбитар Давиде Маса кого после дербито домашните навивачи сакале да го линчуваат:

 

24 април 2023 - 11:34